ТЕХНИКА ЗА ФАРБАЊЕ ЈАЈЦА: Овој ВЕЛИГДЕН ќе биде апсолутен ХИТ, без ХЕМИЈА на природен начин до СОВРШЕНИ бои

popara10 април, 20221min00
25178_screenshot-27_f

Фарбањето јајца никогаш не било полесно и поефикасно

Секоја година, во неделите пред Велигден, домаќинките се подготвуваат за една од најубавите традиции – бојадисување јајца. Велики петок е ден кога секој на свој начин вапсува јајца за велигденската трпеза, но секогаш треба да бараме нови техники за разубавување.

За оваа техника, се што ви треба е пена и боја за храна.

Без употреба на хемикалии, со шлаг или слатка павлака ќе го добиете посакуваниот ефект.

Постапка:

Најпрво сварете ги јајцата пред да почнете со фарбање, а потоа ставете од пената или шлагот во чинија и додадете неколку капки различни бои за храна.

Можете да ги комбинирате боите како што сакате, оставете ја вашата фантазија да го направи покреативниот дел.

Измешајте со чепкалка за да добиете ефект на „шарен мермер“.

Шарениот дезен што го добивте префрлете го на јајцата со потопување едно по едно јајце во пената.

Оставете да отстои најмалку 20 минути, бидејќи колку подолго стојат ефектот ќе биде подобар.

На крајот полека отстранувајте ја пената, за да не ја расипете бојата.

Видео туторијал:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma