СТИЛИСТИ ОТКРИВААТ КАКО ДА ИЗГЛЕДАТЕ СКАПО БЕЗ ДА ТРОШИТЕ МНОГУ: 4 правила ќе ги измамат сите дека сте ПОЛНИ СО ПАРИ

popara10 април, 20221min00
Kako-da-izgledate-skupo-6-

Неколку едноставни трикови ќе направат да изгледате скапоцено!

Можете да потрошите цело богатство на гардеробата, но повторно да изгледате „смешно“ и без стил. Стилистите велат дека тоа е затоа што не почитувате неколку основни правила кои ви помагаат секогаш да изгледате скапо и тренди. Еве што да правите…

Купувајте облека во вашата големина

Секогаш купувајте облека во ваша големина, ова е многу важно. Ако здолништето или блузата се мали и тесни, тие создаваат дополнителни набори таму каде што не треба, со што дури и скапата облека ќе изгледа лошо скроена.

Не избегнувајте бела облека

Не го избегнувајте ја белата облека само затоа што лесно се валка или затоа што верувате дека „додава“ тежина. Таа е симбол на луксузниот живот, јахти… едноставно делува „скапо“! Покрај тоа, лесно се комбинира со други бои и прави да изгледате не само елегантно, туку и беспрекорно чисто. Со црната, пак, треба да се внимава, предупредуваат стилистите.

Чевли за сите прилики

Моделите во темни нијанси се погодни за есен-зима, додека чевлите се во пудра боја за пролет-лето. Оваа боја секогаш изгледа поскапо од сличните, исто така светли. Пудра бојата  како и црните салонки се класици кои ја поскапуваат секоја комбинација на облека.

Скапи“ стилови

Класиката, денсти стилот, морнарскиот… се симболи на високата класа и секогаш делуваат скапоцено. Дури и кога не сте во групата на финансиски привилегирани, овие стилови ќе ги натераат другите да ве гледаат така. Од друга страна – бохо, гранџ, спортски, етно и слични трендовски стилови ќе ве подмладат, но нема да направат да изгледате како да имате повеќе пари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma