НЕ Е СЕ ТАКА ЦРНО… ОСВЕН НАШЕТО КАФЕ: 5 позитивни ефекти на кофеинот

popara11 април, 20221min00
Kava

Секојдневно во медиумите слушаме за негативните ефекти на кофеинот, но за сите оние кои едноставно не можат без кафе или чај, издвоивме 5 позитивни ефекти кои кофеинот ги има на нашето тело!

Ја подобрува концентрацијата

Одржувањето на будноста и концентрацијата е главната причина за пиење кафе. Кофеинот функционира како ноотроп, што значи дека му помага на мозокот да ја одржи концентрацијата и да го намали заморот. Некои истражувања дури покажаа дека кофеинот може да спречи деменција.

Шампонот со кофеин помага при тенка коса и коса што опаѓа

Губењето на косата е проблем со кој се соочуваат и мажите и жените, а кофеинот се покажа како одлична состојка во шампоните против опаѓање. Кофеинот во овој случај делува така што ја подобрува циркулацијата, која е неопходна за нормален раст на косата.

Ја подобрува силата и издржливоста

Докажано е дека кофеинот влијае на силата и издржливоста, па дури и на развојот на мускулите, па затоа е вообичаен избор за спортистите кои тренираат неколку часа секој ден.

Го забрзува метаболизмот

Истражувањата покажаа дека пиењето само една шолја кафе може да го забрза вашиот метаболизам за дури 7%.

Кофеинот е антиоксиданс

Иако зелениот чај е подобра опција, кафето е подеднакво добар антиоксиданс кој позитивно влијае на вашето целокупно здравје (се разбира во умерени количини).