Сајмон го менуваше својот изглед со години наназад, а во 2016 година беше забележана драстична разлика
Членот на жирито на „X Factor“, Сајмон Кауел, призна дека претерал со ботокс, а последниот третман го направил непрепознатлив.
Кауел решил да прекине со ботоксот кога неговата појава предизвикана од ботоксот го навела синот Ерик (8) до, како што рекол, хистерија.
Сајмон го менуваше изгледот со години наназад, а во 2016 година се виде драстична разлика кога, како што вели, „имаше фаза во која на сите лица им беа полни со ова и она“, пренесува Дејли Мејл.
Тој изјави дека тој период малку претерал поради желбата за младешки изглед.
– Пред некој ден видов своја слика од „порано“, а не препознав дека сум јас – призна Сајмон.
Истакна дека престанал поради синот кој забележал дека татко му го менува изгледот, а открил и дека повеќе нема филери на лицето.
– Беше хистеричен. Тоа беше доволно – изјави Кауел.