Дали е БЕЗБЕДНО да се јаде МУВЛОСАН ЛЕБ: Мислењата на експертите се поделени, се согласуваат за една ставка

popara11 април, 20221min00
25264_shutterstock-2023698929_f

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација случајно да откриете мувла во намирниците

На сите ни се случило да направиме сендвич, да земеме леб и потоа да видиме дека е покриен со бели дамки. Тогаш се наметнува огромното прашање, дали да се продолжи со правењето сендвич, да се фрли само мувлосаниот дел или целиот леб.

Вистина е дека лебот може да почне да мувлосува без воопшто да се забележува мувлата, па затоа не е безбедно само да се исече делот што е видлив.

„Два фактори кои треба да ве водат се содржината на влага во храната и густо структурираната текстура“, вели нутриционистот Хокинг.

Експертите за безбедност на храна предупредуваат дека треба да се избегнува мувлосаниот леб, особено затоа што лебот е мека храна.

Симптоми кои можат да бидат предизвикани од јадење мувлосан леб се: прекумерно потење, повраќање, мускулна слабост, главоболка и тремор.

Вистина е дека ништо страшно нема да ви се случи ако изедете мала количина, но повторно зависи од организмот кој како ќе реагира на тоа.

Кога станува збор за тврда храна, познато е дека мувлосаните сирења содржат бактерии кои позитивно влијаат на нашиот организам.

Тоа се тврди и полумеки сирења, како што се чедар, пармезан и швајцарско сирење, во зависност од тоа колку мувла има сирењето, можеби ќе можете да продолжите да го користите.

Но, постои поделено мислење на експертите кои наведуваат дека не е опасно да се јаде мувлосан леб и да не се паничи. Но, дефинитивно треба да купите нов и свеж леб.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma