
Некои прашања се сметаат за груби без разлика на блискоста и времето што го поминувате со партнерот
Експертите за врски и брак истакнуваат дека постојат оние прашања кои не треба да се поставуваат дури и кога сте во долга и стабилна врска.
Понекогаш е многу важно, доколку сакаме да имаме здраво партнерство, да го земеме предвид начинот на кој се обраќаме, но и зборовите што ги избираме во комуникацијата.
Психолозите велат дека постојат пет прашања кои дефинитивно треба да се избегнуваат кога разговарате со емотивниот партнер.
- Дали сум подобра од неа?
Никој не сака споредби со другите, особено оние што се однесуваат на минати и сегашни љубови. Избегнувајте ситуации кога поставувате прашања – дали сум подобра од неа? На овие прашања нема лесни одговори, а нивното поставување само предизвикува проблеми и го става вашиот партнер во непријатна ситуација.
- Дали конечно ќе …?
Доколку ве нервира немотивираноста на саканиот, голема е веројатноста дека ќе го прашате: „Дали конечно сакаш да ја исчистиш гаражата?“ Или нешто слично. Ова не е добар начин да го поттикнете партнерот да биде продуктивен и ефикасен. Со ваков пристап ризикувате да звучите агресивно и да започнете расправија.
- Што е твојот проблем?
Ако на партнерот со непријатен тон му поставите директно прашање – „Што е твојот проблем?“, тоа најверојатно ќе создаде проблем меѓу вас. Поставувањето на ова прашање е понижувачко и ќе ја наведе другата личност да застане во своја одбрана. Наместо тоа, едноставно прашајте – дали сѐ е во ред или можете да помогнете?