Поради обвиненијата за злоставување, Биг „убиен“ и во уште една серија

popara13 април, 20221min00
kris-not-830x0

Крис Нот повеќе не е дел од серијата „The Equalizer“

Актерот Крис Нот со месеци е во неволја откако две жени го обвинија за сексуално злоставување. По серијата „And Juste Like That…“, уште еден негов лик е „убиен“ без многу објаснување.

За време на неделната епизода од драмата „The Equalizer“, во која главната улога ја толкува кралицата Латифа, беше откриено дека ликот на Нот, Вилијам Бишоп, починал. Смртта на Бишоп беше емитувана неколку месеци откако против актерот беше поднесено обвинение за сексуална злоупотреба кон крајот на минатата година.

Во епизодата, која се нарекува „Пулс“, Вилијам Бишоп (ликот на Крис Нот) загина во авионска несреќа додека работел со ЦИА и истражувал друга авионска несреќа.

Латифа (52) и Нот ја снимаат серијата „The Equalizer“ од 2020 година. Првата сезона се емитуваше во февруари 2021 година, а втората сезона следеше во октомври. Нот го играше поранешниот директор на ЦИА во серијата, додека Латифа ја игра неговата колешка, поранешна соработничка на ЦИА, Робин Мекол.

Последната епизода од серијата во која глумеше Нот беше емитувана на 2 јануари и беше снимена пред Крис да биде отпуштен од таа серија во декември 2021 година, кога беа објавени обвиненијата против него.

Сите шест епизоди кои се емитувани од 2 јануари не го прикажуваа ликот на Нот, пишува „Пипл“.