Оваа ТОРТА е ХИТ на ВЕЛИГДЕНСКАТА трпеза: Гостите ќе бидат воодушевени од нејзиниот ИЗГЛЕД, но и ВКУС!

popara14 април, 20221min00
25529_screenshot-13_f

Изгледа како совршено пржено јајце, но не дозволувајте изгледот да ве измами

Всушност, ова чудо е вкусна торта. Не само што има импресивен и убав изглед, туку има и одличен вкус. Подготовката на овој десерт е многу едноставна и секој може да ја направи.

Слатка е, кремаста и буквално се топи во устата. Тортата е велигденски хит. Ова шармантно уживање е всушност ладен чизкејк со кајсии. Не може да биде полесно.

Состојки:

1 пакување кори

500 гр двојно ситно бело сирење (полумасно или безмасно)

500 гр маскарпоне

250 мл слатка павлака

1 коцка желе (на пример со вкус на грозје или лимон)

75 гр шеќер во прав

200 мл вода

Компот од 20 конзервирани кајсии

450 мл сируп од кајсија

4 лажички желатин

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги сирењето, шеќерот и маскарпонето и измешајте со миксер. Мешајте додека состојките не се хомогенизираат.

Растворете го желето во топла вода, па изладете го, но не толку за да стане цврсто. Измешајте го со смесата со сирење.

Посебно изматете ја слатката павлака, измешајте ја со смесата со сирење за масата да биде лесна. Кајсиите исцедете ги од сирупот.

На дното на калап за торти (правоаголен или квадратен) се става кората.

Врз кората истурете ја смесата со сирење, израмнете. Пред да се стврдне смесата, врз неа рамномерно ставете ги преполовените кајсии.

Растворете желатин во загреаниот сируп од кајсија. Оставете ја течноста малку да се излади, па прелијте врз кајсиите. Ставете во фрижидер преку ноќ.

Пред сервирање се сече на квадрати.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma