Објавен трејлерот за четвртата сезона на серијата „Stranger Things“: Војната е на хоризонтот

popara15 април, 20221min00
cudnije-stvari-stranger-things-830x0

Дали Били ќе се врати од мртвите? Што мислите?

Нетфликс објави трејлер за четвртата сезона на серијата „Stranger Things“ во кој се открива дека војната е на повидок, а фановите едвај ги чекаат новите епизоди.

Работите не функционираат добро за Хопер, кој сè уште е во затвор во Русија, но ни за Елевен без нејзините моќи. Исто така, дали Хокинс во Индијана е проколнат? Зошто Макс лебди? Кој е страшниот тип што виси наопаку?

Многу работи се случуваат во овој трејлер, а првата епизода од четвртата сезона ќе има премиера на 2-ри мај на Нетфликс.

Обожавателите се возбудени, а откако имаа увид во четвртата сезона на „Stranger Things“, Твитер е преплавен со коментари. И покрај фактот дека смртта на Били Харгроув е еден од најголемите моменти во третата сезона, новиот трејлер остава простор за шпекулации дека тој, некако, би можел да се врати од мртвите.