
Се што ви треба за овој рецепт, односно за облогата се компири, црвен кромид и ленено семе
Ернст Гунтер е германско-американски нутриционист, а автор е и на книгата „Живеење без болести“, која содржи рецепти базирани на природата, а меѓу нив е и еден за третман на артритис, гихт, ишијас, ревматизам и други воспалителни состојби на зглобовите и коските, прстите, колковите, петите и колената.
Лекот за кој зборуваме во овој текст се состои од облоги кои се ставаат на болните места, директно на местото каде што болката најмногу се чувствува. Се што ви треба за овој рецепт, односно за облогата се компири, црвен кромид и ленено семе.
Подготовка:
Ставете полна лажица ленено семе во 2,3 децилитри вода и варете ја таа вода со лен околу 10 минути, додека семето не направи скробна маса.
Измијте и изрендајте неколку парчиња компир заедно со кората, а средната главица црвен кромид изрендајте ја и кога ќе се олади водата со ленено семе, додадете ги компирите и кромидот и сето тоа добро измешајте го. Исцедете го и отстранете ја вишокот течност што останува.
Употреба:
Ако имате болки во прстите или стапалата или имате проблеми со петите, ставете ја смесата во некои стари ракавици или чорапи, ставете ја на рацете или стапалата, а преку неа ставете најлонска кеса за да не истече течноста.
Меѓутоа, кога станува збор за други делови од телото како што се грбот, ‘рбетот, ребрата, колковите, колената. Нашиот предлог е смесата прво да се стави на чиста газа, па газата да се стави на болното место, па се добро да се завитка со завој, но не многу цврсто, само колку газата да не се движи и крвта нормално да циркулира. Преврските треба да се држат на болните места во текот на ноќта, кога сте во мирување, а наутро отстранете ги, фрлете ја смесата и измијте ги деловите од телото со топла вода.