Зошто ЧЕТИРИЛИСНАТА ДЕЛИНИНА се смета за среќна? Верувањата се од дамнина

popara15 април, 20221min00
34f5717778ac6bd4d7d8a0345d3875758b1a2f59

Сите го знаеме верувањето дека детелината со четири листа носи среќа

Кога луѓето ќе ја најдат, обично ја задржуваат и нејзиното откритие го поврзуваат со фактот дека тоа ќе им донесе ненадејна среќа.

Но, дали ја знаеме историјата на овој среќен симбол?

Една легенда вели дека приказната доаѓа од самата Ева. Додека Адам и Ева ја напуштале рајската градина, Ева наводно избрала детелина со четири листа како спомен на рајот, а оваа религиозна врска оттогаш се смета дека носи среќа.

Келтите верувале дека детелината со четири листови има магична моќ на заштита, способност да не заштити од злото и несреќата. Исто така, се верувало дека носењето детелина му дозволува на носителот да ги види самовилите.

Иако четирилисната детелина се смета за екстремно ретка, наводно една на 10.000. Студијата спроведена од швајцарски истражувачи испитала 5,7 милиони детелини и открила дека веројатноста да се најде детелина со четири листа е една од 5.076. Многу подобри шанси! Генетската студија на Универзитетот во Џорџија заклучи дека повеќе од три листови на детелина се резултат на генетска мутација во геномот на обичниот вид детелина, пишува Reader Digest.

Исто така, било откриено дека веројатноста да се најде детелина со пет листа е една од 24.390 трилисни детелини.