Пристигнува серија за убиството кое ја шокираше Америка: По судењето, работите станале уште полуди!

popara15 април, 20221min00
candy-serija-830x0

HULU објави трејлер за својата претстојна криминална мини серија „Candy“. Оваа серија од пет дела во главната улога ја има Џесика Бил, која ја игра Кенди Монтгомери, обична домаќинка од Тексас, чиј навидум мирен живот се менува и на крајот кулминира со шокантното убиство на нејзината пријателка Бети Гор.

И додека првиот тизер се занимаваше со судењето, трејлерот се фокусираше на она што доведе до судењето.

Во трејлерот откриваме дека пријателството на двете жени се менува во моментот кога Монтгомери започнува врска со Алан, сопругот на Бети Гор, а по откривањето на врската, Монтгомери ја убива Бети удирајќи ја со секира 41 пат.

Работите стануваат уште полуди откако Монтгомери е ослободена бидејќи наводно тоа било самоодбрана.

Инаку, ова е втора серија која се занимава со овој случај, а HBO Max ќе се занимава со љубовниот триаголник во серијата „Love and Death“ каде Елизабет Олсен ќе ја толкува улогата на Монтгомери.

„Candy“ ќе биде на каналот Hulu од 9-ти мај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma