Познато е дека сода бикарбоната има повеќенаменско дејство во домаќинството, но дали знаевте дека може благотворно да делува на вашата коса, кожа и заби?
Од оваа, како што многумина сакаат да кажат, магична состојка, можете да направите маска за лице.
Како да направите маска?
Потребни ви се една и пол лажичка сода бикарбона и една лажичка ладна вода.
Измешајте ги овие две состојки и нанесете ги на исчистеното лице.По 10 минути отстранете ја маската исплакнете го лицето со млака вода.Доколку имате мрсна кожа држете ја маската 15 минути, а ако имате сува кожа скратете го процесот до 5 минути.
Какви треба да бидат резултатите?
Пред сѐ треба да се ослободите од митесерите на кожата.Покрај тоа, оваа маска го ублажува воспалението на кожата, а доколку имате отворени рани на лицето, употребата на сода бикарбона ќе го забрза процесот на заздравување.
Кој смее да ја користи оваа маска?
Маската е безбедна за секого, но доколку сте од оние кои имаат преосетлива кожа или се склони кон алергии, ви предлагаме да го контактирате вашиот дерматолог и да побарате негово одобрение.