Експертите тврдат дека без силен имунитет нема добро здравје. Секогаш е приоритет, особено во овој период кога настинките се почести.
Најдобар начин за зајакнување на целиот организам е да пиете пијалоци и намирници кои се богати со витамини и минерали.
Напитокот од ѓумбир, лимон и мед, брзо и лесно се подготвува, а е одличен избор за зајакнување на имунитетот, но и чистење на организмот од токсини. Како што го зајакнува вашиот метаболизам, може да го забрза процесот на губење на тежината.
Ѓумбирот е вистинска ризница на минерали и витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи. Лимонот е богат со витамин Ц, а медот го зајакнува имунолошкиот систем на организмот.
За да го подготвите овој пијалок ќе ви требаат следниве состојки:
корен од ѓумбир (околу 5цм големина)
2 лажици мед
сок од два лимона
1 литар вода
Сите наведени состојки ставете ги во бокал и мешајте додека не се соединат, односно додека не се растопи медот. Потоа ставете го бокалот во фрижидер и оставете да отстои најмалку три часа.
Напитокот процедете го, по што е подготвен за консумирање.