Заљубувањето е прекрасно чувство и период во кој се чувствуваме енергично и среќно, но и време кога го идеализираме партнерот и сите негови маани ги претвораме во доблести.
Затоа и кога сте заљубени треба да стоите цврсто на земја, бидејќи романтиката може да го збуни умот, а на некои работи не можете да гледате реално.
Како и во сите сегменти од животот, така и овде треба да бидете реални и да имате умереност. Ако давањето е взаемно, врската цвета, но доколку партнерите не работат подеднакво, по некое време ќе има проблеми во врската.
Ова се знаци дека им давате премногу од себеси:
1. Не гледате ниту една негова мана
Ако на сите негови маани гледате како на доблести или, уште полошо, се правите дека не ги гледате, тоа е знак дека не го гледате реално партнерот. Ако сте тип кој ги носи другите луѓе во рајот и се потценува себеси, размислете што се крие зад тоа.
Во ред е да не барате кај партнерот „влакно во јајцето“, но знајте дека не е реално некој да нема мани. На крајот на краиштата, обожавањето некого може да биде нездраво и може да доведе до проблеми.
2. Ги запоставувате блиските луѓе
Ако мислите дека ќе ви недостасува партнерот ако поминете неколку часа со вашите блиски луѓе, веројатно се лажете. Не сте една личност, па иако добро функционирате кога сте заедно, здраво е секој да има свој живот, пријатели, обврски и хоби.
Најлошо е да страдате поради љубовта и да ги запоставувате луѓето кои биле во вашиот живот пред новиот партнер.
3. Го фаворизирате
Ако застанете покрај него и кога греши, може да помисли дека немате свое мислење и со текот на времето ќе ја изгубите неговата почит.
Ако вашиот партнер е нервозен, оддалечен од вас, молчи, тоа не значи дека треба да се вртите околу него и да му ја исполните секоја желба. Уште полошо, немојте да мислите дека е до вас, едноставно е, секој има лош ден или дел од денот. Кога ќе се смири, разговарајте и видете што го навело до такво однесување.