
Ослободете се од иритирачката кашлица со помош на неколку природни состојки. Со студените денови, доаѓа времето на настинки.
Еден од најчестите несакани ефекти на настинка е кашлица. Сите го знаеме тоа чувство кога започнува напад на кашлица и се чини дека нема крај.
Ако не можете да одите во аптека или едноставно сте поддржувач на природната медицина и домашната аптека, ви предлагаме рецепт за моќен лек за кашлица.
Спасот е во медот
Главната состојка е медот, кој одамна е познат по многубројните корисни ефекти. Во овој рецепт, неговата текстура е она што го смирува иритираното грло, а неговите ензими со антибактериски својства го прават природен лек за кашлица.
Заедно со неколку помоќни состојки познати по своите антибактериски својства, пред нас е моќен пијалок.
Внимавајте, овој пијалок е силен и не се препорачува за деца и возрасни кои имаат проблем со некои од состојките.
Состојки:
- мед
- јаболков оцет
- сок од лимон
- ѓумбир
- кајенска пиперка
- вода
Одредете според вашиот вкус колку состојки ќе ставите, секако половина од целата смеса треба да биде мед.
Подготовката е едноставна. Измешајте ги сите состојки, измешајте ги добро и сирупот е подготвен.
Користете една лажичка на секои неколку часа во случај на посилна кашлица или две – три дневно во случај на поблага кашлица.