Џенифер Анистон искрено проговори за проблемот со кој се бори од нејзините 30-ти години

popara18 април, 20221min00
1681911

Ѕвездата на „Пријатели“ откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а грижата дека не може да спие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.

„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоница го доживеав во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи“, изјави Анистон во интервју за магазинот People.

Jennifer Aniston

„Само го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги разбирате ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на вашиот физички изглед“, рече таа, признавајќи дека таа знаела и да оди во сон.

„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да шетам во сон, а од таква состојба ме запрепастуваа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, рече таа и поради нејзиниот проблем, на крајот реши да побара лекарска помош.

Jennifer Aniston

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не работи“, е мислењето на ѕвездата на „Пријатели“.