Магично масло: Избришете ги брчките од лицето на природен начин

popara18 април, 20221min00
Screenshot_4

За сјајна и негувана кожа

 

 

Верувајте, најдобриот лек за брчките е рибиното масло. Содржи голема количина на витамини А и Е, кои го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, а воедно ја прават мазна и еластична.

 

Ако се борите со ситни брчки и старечки дамки, измешајте рибино масло со масна павлака и сок од лимон – доволна е само една кафена лажичка. Нанесете ја смесата на кожата, почекајте 20-30 минути, а потоа отстранете ја со козметичка шпатула. Остатоците од маската исплакнете ги со претходно подготвен чај од камилица.

 

Маската од рибино масло и мед совршено ги измазнува длабоките брчки. Добро измешајте една лажичка рибино масло со иста количина мед. Нанесете ја оваа смеса рамномерно на кожата со лесни движења и држете само 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со марамче и измијте го остатокот со топла вода. Нанесете ја оваа маска двапати неделно и наскоро ќе го видите посакуваниот резултат во огледалото.

 

Чистото рибино масло е најефективното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се нанесува пред спиење. Само држете го на кожата 20 минути и потоа исплакнете со чиста вода.

 

За да го подобрите ефектот, можете да користите рибино масло и од надвор и од внатре, во форма на витамини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma