Тест на потсвеста: Изберете брава и дознајте што ве чека во иднина

popara18 април, 20221min00
Screenshot_5

Која брава би сакале прво да ја отклучите?

 

Фотографијата пред вас може да открие какви можности ве очекуваат во блиска иднина. Сè што треба да направите е да изберете една од трите брави која ви привлече најголемо внимание, а потоа да прочитате што се крие зад вашиот потсвесен избор.

 

Ако сте ја избрале бравата под број 1…

Вие сте посебни, лесно се забележувате во толпата и сте многу искрени. Но, токму поради искреноста имате проблеми, особено во деловното опкружување.

 

Тешко ви е да разберете дека не сите луѓе се толку добронамерни како вас и не сакате да го прифатите фактот дека конструктивната критика вреди повеќе од лажното тапкање по рамото.

 

Во наредниот период ве очекува уште еден тест за самоувереност; ќе добиете можност да напредувате на работното место, но само под услов сè што не ви се допаѓа да кажете на благ начин.

 

Доколку сте сурово искрени, како и досега и не бирате зборови, и овојпат ќе ја изгубите позицијата која секако ја заслужувате со своето знаење и работа.

 

Доколку сте ја избрале бравата број 2…

Вие сте вечен оптимист, а луѓето ве сакаат затоа што секогаш можат да се потпрат на вас. Изобилството на добра енергија што ја испраќате на сите страни често ви се враќа, тогаш кога најмалку очекувате и кога всушност ви е најпотребна.

 

Доколку планирате да се впуштите во нов деловен проект, ве очекува успех во тимската работа. Среќата нема да ве заобиколи на љубовно поле, благодарение на пријателите кои ќе ве запознаат со личност со која ќе бидете маѓепсани на прв поглед. Пролетта пристигна, подгответе се за лет во светот на љубовта!

 

Доколку сте ја избрале бравата број 3…

Практични сте и аналитички, а во исто време и длабоко емотивни и ранливи. Во обид да ги помирите тие две страни од „истиот медал“ и да ја истакнете првата, а другата емотивна да ја оставите настрана, станувате оптоварени, а често и фрустрирани, бидејќи не сакате никој да ви ги види слабите точки.

 

Во блиска иднина ќе мора да ги преиспитате приоритетите и да отфрлите сѐ што ве притиска. Ќе имате можност да изберете што точно сакате од животот и да работите напорно на тоа, а резултатот нема да изостане.

 

Уште поголема радост ќе предизвика отфрлањето на товарот што упорно го носевте на вашите рамена. Без разлика дали станува збор за работа, пријатели или, можеби, емотивен партнер – вие најдобро знаете…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma