Доколку сеуште размислувате со која техника да ги бојадисате јајцата за Велигден оваа година, ви предлагаме да погледнете едноставен метод на фарбање со памучна вата или туфери.
Тоа е брз и лесен начин за бојадисување, а се што ви треба е поголемо парче памучна вата и течна боја за јајца.
Искинете ја памучната волна за да може да го покрие целото јајце, а потоа нанесете ги боите по ваш избор. Доколку имате туфери, прво ставете фолија, па преку неа неколку туфови по ред. Потоа натопете со боја. Можете да ги нанесувате надолжно, со точки, како и да сакате јајцето да изгледа.
Потоа ставете го јајцето врз памучната вата, завиткајте го од сите страни и тапкајте го. Почекајте 15 минути, а потоа извадете го јајцето и премачкајте го со масло за дополнителен сјај.
Резултатот ќе биде доста импресивен – без проблем, ќе добиете прекрасни шарени јајца!
Погледнете ги деталните упатства во видеото: