Храна која го влошува пролетниот замор: Овие намирници треба да ги избегнувате

popara19 април, 20221min00
zevanje-posao-pospanost-umor-830x0

Пролетта е време за прилагодување на организмот на новите временски услови. Осцилациите на температурата, воздушниот притисок и врнежите влијаат на нашата физиолошка состојба.

Промената на годишните времиња влијае на целото тело на луѓе кои често се жалат на чувство на замор, недостаток на енергија, исцрпеност…

Но, оваа промена не мора да биде единствено одговорна за ослабениот имунитет и споменатите симптоми, а тоа го докажуваат и бројни нутриционисти кои често укажуваат на важноста од здрава и урамнотежена исхрана.

Нутриционистите се согласуваат дека овие намирници и состојките во нив може да се одговорни за хроничното чувство на замор и лошото расположение.

Индустриски преработена храна

Експертите се согласуваат дека индустриски преработената храна има неколку лоши ефекти врз здравјето. Колку е поголема содржината на едноставни јаглехидрати во оброкот, толку почесто енергијата нагло ќе опаѓа во текот на денот.

Совет е да избегнувате храна како скроб, бели мешунки, масло и шеќер.

Закуски

Како што преработената храна гарантира пад на енергијата, слатките содржат слични состојки кои имаат сличен ефект. Држете се настрана од слатки и грицки – свежото овошје е подобар избор.

Рафиниран шеќер

Консумацијата на шеќер предизвикува зголемување на нивото на гликоза во крвта, што предизвикува низа симптоми, вклучувајќи замор и лошо расположение. Шеќерот не содржи витамини, минерали, протеини или влакна, поточно нема никаква хранлива вредност.

Кај луѓето кои консумираат многу шеќер може да забележите надуеност, мозолчиња, црвенило на кожата, но и чести промени на расположението, како и пад на енергијата.

Рафинираниот шеќер го нарушува нивото на гликоза во крвта и ја троши целата енергија, го менува нашето расположение и доведува до нарушувања на спиењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag