Зголемете го волуменот на косата СО ОВОЈ ТРИК за само 10 СЕКУНДИ! (ВИДЕО)
Дали сакате секогаш да имате волумен на косата како после фризер? Со овој едноставен трик кој кружи на интернет, сега е возможно!
Познато е дека жените мака мачат со волуменот на косата, особено ако имаат тенка и права коса. Со овој трик повеќе нема да го имате овој проблем, а исто така може да помогне мрсната коса да изгледа посвежо доколку не сте имале време да ја измиете пред да излезете од дома.
Сега ви требаат само околу 10 секунди! Се што ви треба е фен и четка. Четкајте ги корените на косата надолу, а потоа вратете ја косата на врвот и исушете ја со фен 5-8 секунди.
После тоа, доколку имате опција за ладен воздух на вашиот фен, сушете ја на тој начин уште 3-5 секунди и вашата коса веднаш ќе стане подигната и пополна! Косата видливо ќе се одлепи од скалпот и ќе добиете моментален волумен.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.