ЕВЕ КАКО ДО СЈАЈНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Сѐ што ви треба за оваа техника е малку шеќер и вино! (ВИДЕО)

popara20 април, 20221min00
Screenshot_2

Без сомнение, ова е најубавата техника на фарбање јајца

 

 

Доколку сѐ уште не сте одлучиле која техника на фарбање ќе ја користите, ви предлагаме на празничната трпеза да имате блескави велигденски јајца. Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и сето тоа без многу труд.

 

Ќе ви треба малку вино, шеќер и боја од кесичка, а резултатот е феноменален!

 

Постапка: Наместо вода користете 500 мл бело вино, наместо сол 100 гр шеќер, а ќе ви треба и една кесичка боја за колачи.

 

Во тенџере истурете го виното, додадете го шеќерот, па додајте ги јајцата. Вклучете ја ринглата и посипете ги јајцата со боја на колачи. Гответе на тивок оган околу половина час без капак, потоа поклопете, тргнете го од оган и оставете да отстои преку ноќ.

 

Наутро извадете ги јајцата на салфетка добро да се исушат – додека се сушат ќе станат сјајни и светкави од шеќерот!

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma