Овие намирници го ублажуваат стресот и ја намалуваат анксиозноста: Една посебно ќе ве израдува!

popara21 април, 20221min00
dijeta-ishrana-830x0

Стресот е еден од најголемите непријатели на човечкото тело, а во денешно време е сеприсутен. Постојат многу начини за борба против стресот; некои може да се практикуваат, додека некои се надвор од ваша контрола.

Сепак, она што можете веднаш да го направите е да внимавате каква храна консумирате, бидејќи одредени намирници го ублажуваат стресот, а други го засилуваат.

Познато е дека кофеинот го стимулира расположението и ја зголемува активноста на допаминот, но прекумерните количини се штетни за телото, особено во комбинација со шеќер. Темното чоколадо, на пример, е добар избор бидејќи го потиснува стресот.

Освен тоа, сувото овошје како грозјето, смоквите, кајсиите и сливите добро делуваат на расположението. Ова овошје е полно со витамини, минерали и хранливи материи, му ја дава на телото потребната енергија и делува смирувачки.

Медот и матичниот млеч исто така делуваат благотворно на организмот, тие се ефикасен сојузник во борбата против уморот и стресот, а познато е дека производите што ги прават пчелите го стимулираат обновувањето на клетките.

Боровинките се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, благодарение на кои телото на вистински начин се бори со стресот.

Темното чоколадо ослободува ендорфин или хормони на задоволство во мозокот и го намалува кортизолот, главниот хормон на стрес во телото.

Црвениот пипер е богат со состојки кои помагаат да се намали анксиозноста. Го штити организмот од ефектите на стресот, ја ублажува несоницата, лошото расположение и летаргијата.

Витаминот Б6 учествува во производството на хормоните за спиење, мелатонин, но и серотонин, хормонот на среќата, па затоа пиперката освен вкусен оброк ќе биде и доза на релаксација во напорниот ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma