Се породи Џенифер Лоренс: Актерката и нејзиниот сопруг ги кријат полот и името на детето од јавноста

popara21 април, 20221min00
Screenshot_5

Актерскиот пар неодамна беше виден како се шета со бебето

 

 

Актерката Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Маруни станаа родители.

 

Имаше неколку шпекулации за нејзиното породување, но парот не ја потврди оваа вест.

 

Според „People“, таа неодамна се породила, но популарниот пар одлучил да не објавува никакви информации за раѓањето, како роденден, пол или име на детето.

 

Актерката од серијата „ Don’t Look Up “ го дочека своето прво дете со сопругот Кук Маруни, но деталите за раѓањето и бебето се држат во тајност.

 

„Сакам да дадам сѐ од себе за да ја заштитам неговата приватност до крајот на мојот живот, колку што можам“, изјави Лоренс за „Vanity Fair“ во ноември.

 

Парот неодамна беше виден како се шета со своето новороденче, пренесува „People“.

 

Маруни ја потврди веста за бременоста на неговата сопруга за магазинот „People“ во септември, но не го прецизираше датумот на породувањето.

 

Двојката ја објави својата врска во 2018 година. Тие се венчаа една година подоцна во тајност во луксузна вила. На церемонијата присуствуваа многу познати личности како Крис Џенер, Адел и Ема Стоун.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma