Еве како да ја отстраните бојата за јајца од рацете без штетни хемикалии.
Утре е Велики петок, денот кога домаќинките традиционално ги бојадисуваат велигденските јајца со најразлични техники, од традиционални во кромид до модерни со прехранбени бои или лимонтус.
Секако, препорачливо е да носите ракавици додека ги фарбате јајцата, но доколку не сте го направиле тоа и сте ја обоиле кожата, не грижете се бидејќи има начин да ја извадите бојата.
Еден од начините да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет.
Значи, истурете малку оцет на кожата и лесно тријте со четка. Исто така, можете да истурите оцет на крпа или сунѓер и лесно да триете, бидејќи така ќе ги третирате само обоените места на кожата, а не целата рака.
ОВДЕ може да погледнете видео туторијал.
Втората опција е лимонот – пресечете го на половина, исцедете го и истурете малку сол од внатрешната страна на кората и истријте ја кожата на местата каде што е обоена.
Рацете обоени со боја за јајца можете да ги исчистите и со сода бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода, посипете ги обоените места со сода бикарбона и лесно тријте со четка додека бојата не се отстрани.