ХОРОСКОП ЗА 22-РИ АПРИЛ: За Близнаците се отвораат добри работни можности, а за Рибите е неопходен одмор

popara22 април, 20221min00
f441f7b0d69597e1a3432aa70e9b54aeaa449bf8

Овен

Пред вас е стресен ден, па најдобро е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би биле во центарот на вниманието или на некој начин би ја преземале водечката улога. Доколку сте активен учесник во сообраќајот, бидете внимателни, особено во доцните вечерни часови.

Бик

Се обидувате да избегнете контакт со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги почитувавте и слушавте.

Близнаци

Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување на кое ќе го подобрите бизнисот. Не дозволувајте оваа шанса да биде уништена од вашата моментална мрзеливост.

Рак

Тешкотиите што ве мачеа во минатото се враќаат. Одржувајте оптимизам, паничите непотребно. Нема потреба да бегате, промените на работа ќе ви дадат мала доза оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.

Лав

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе реши една заплетка, по што ќе влезете во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

Девица

Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација што се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата доаѓа во текот на попладневните часови бидејќи ќе има принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.

Вага

Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна доколку сакате да избегнете конфликт со претпоставените, од кои дури и ќе бидете казнети. Не правете им го на другите луѓе тоа што не сакате некој да ви го прави вам.

Шкорпија

Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако сакате да излезете од дома, тоа е затоа што на некој внатре во вас тоа не му се допаѓа. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

Стрелец

Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па делот од постигнатиот успех не го гледате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, за вас е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.

Јарец

Добивате поддршка од луѓето што најмалку ги очекувате. Парите со кои располагате не се доволни за се што сте имале намера да купите. Ситуацијата е непријатна, но оптимизмот не ве напушта. Решението ќе го видите ако добро се опуштите.

Водолија

Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Оставете го настрана сето она што сте го испланирале за денес и поминете часови во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ви доаѓаат во наредниот период.

Риба

Ви треба кратка пауза. Околностите кои се создаваат ви отвораат можност да избегате со пријателите на неколку дена. Движете се повеќе и не двоумете се, краткото закрепнување ќе ве зајакне, па лесно ќе ги надоместите пропуштените обврски.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma