Две причини се клучни: Зошто луѓето сакаат ТОПЛО-ЛАДНИ односи и бегаат кога некој е заинтересиран?

popara22 април, 20221min00
Divided,Couple,Are,Separated,By,White,Wall,But,Holding,Hands

Ако ваква приказна не ви се случила вам, тогаш сигурно сте слушнале за неа од пријателите и другите луѓе околу вас.

Момчето и девојката се допишуваат, бидејќи врските обично така започнуваат денес и се оди како што треба.

Се изгледа убаво, се додека во еден момент, на пример, на девојките не почнат да им пречат секојдневните пораки и преголемото внимание што го добиваат, па почнуваат да го игнорираат.

Зошто не нè интересираат луѓе кои не опсипуваат со внимание и со кои можеме да бидеме кога сакаме? Одговорот е прилично едноставен и делумно е во човечката природа.

Психолозите велат дека луѓето сакаат неизвесност, односно лов, а кога знаат дека некого лесно можат да „фатат“, тој престанува да биде предмет на интерес.

Одговорот може да биде стравот, односно бегството од интимноста, за кои најчесто не сме ни свесни.

Интимноста значи дека сме целосно голи пред некого. Ние веќе не се преправаме дека сме нешто што не сме, ниту користиме некакви заштитни механизми. Тогаш стануваме ранливи и чувствителни, па лесно можеме да завршиме повредени.

Затоа некои луѓе се повлекуваат кога ќе почувствуваат нечие внимание и желба за блискост.

Исто така, луѓето не го сакаат очајот, па кога ќе го „намирисаат“ во друга личност, што често се случува кога добиваат постојано внимание од некого, бегаат од заинтересираните луѓе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma