Сите се повторно заедно: Кристијано Роналдо со ЕМОТИВНА СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА ги разнежни следбениците на Инстаграм

popara22 април, 20221min00
279771_profimedia0405202436_ff

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез пристигнаа дома со нов член на семејството. Тие повторно се во семејниот дом со новороденото девојче.

Фудбалската ѕвезда на Инстаграм објави фотографија на која сите се заедно и напиша:

– Доме сладок доме. Џорџина и нашето девојче конечно се дома. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и поддршката. Вашата поддршка ни значи многу и сите ние ја чувствуваме љубовта и почитта што ни ја испраќате. Сега е време да се биде благодарен за животот.

Да потсетиме, португалскиот фудбалер минатата година ја објави веста дека со својата партнерка очекува близнаци, а пред неколку дена дознавме дека еден од близнаците, за жал, починал, што фудбалерот го опиша како најголема болка која некогаш ја доживеал.

Тој потоа истакна дека единствено раѓањето на девојчето им дава сила во тие тешки моменти и им се заблагодари на лекарите кои направиле се што можеле.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma