Проширените ПОРИ на лицето можат да создадат поголеми проблеми: Променете ги овие навики за да се ослободите од нив

popara22 април, 20221min00
Maska-za-lice-2048x1365

Тие се создадени од лојните жлезди

Многу луѓе кога ќе се погледнат во огледало, колку и да им е чиста кожа, не можат а да не забележат проширени пори и се разочарани од својот изглед.

Проширените пори се формираат кога лојните жлезди работат понапорно и лачат премногу себум.

Освен што сами по себе не се убави, можат да влијаат и на создавање на други проблеми, како што се мозолчиња и митесери.

Различни генетски и животни фактори може да доведат до овој проблем. Не е секогаш лесно да се отстранат, а адекватна рутина понекогаш не е лесно да се најде.

Меѓутоа, со промена на некои навики, донекаде можете да го ублажите проблемот, а со соодветна грижа и совет од дерматолог целосно да ги отстраните.

Дефинитивно треба да ги правите овие работи:

– Отстранувајте ја шминката пред спиење.

– Прилагодете ја негата на кожата на вашиот тип кожа

– Задолжително нанесувајте крема за сончање.

– Ако вашето лице е мрсно, не користете производи на база на масло.

– Не стискајте митесери, акни и мозолчиња.

Откако ќе ги спроведете превентивните мерки што ги наведовме, треба да започнете со нега. Понекогаш не е лесно да се најде вистинскиот третман, но во тоа може да ви помогне дерматолог.

Дефинитивно се препорачува да ја одржувате кожата хидрирана.

Препорачливо е да правите и пилинг, за да ги отстраните вишокот маснотии, мртвите клетки и другите нечистотии од кожата.

Исто така, пожелно е барем еднаш месечно да одите кај козметичар за чистење на кожата.

Во согласност со дерматологот набавете го соодветниот серум и крема кои ќе ги нанесувате на исчистена кожа.