Како да го неутрализирате мирисот на млад кромид после јадењето? Овие намирници се СПАС

popara22 април, 20221min00
89771_12172_f

Ако сте од оние кои би сакале да јадат млад кромид, но се плашат дека друштвото подоцна ќе го избегнува, опуштете се!

Запомнете ги триковите за неутрализирање на мирисот и уживајте во грицкањето кромид и салати со овој здрав зеленчук.

Овие освежителни намирници со својата арома добро влијаат на здивот.

Листови од нане

Свежото нане има силен мирис, но не е непријатно ако џвакате неколку листови после ручекот. Има и други добри ефекти – ги смирува стомачните тегоби и го подобрува варењето.

Зелен чај

И зелениот чај ќе помогне во отстранување на лошиот здив. Го плакне маслото од кромид што останува на јазикот или забите, а доколку не сте љубител на зелениот чај земете го чајот од нане.

Четката во рака

Покрај наведените намирници, за да го отстраните мирисот на кромидот, задолжително измијте ги забите, исчистете ги со конец и исплакнете ја устата со специјална вода. На тој начин ќе бидете сигурни дека од кромидот останува само неговото позитивно влијание врз здравјето, додека единствената негативна нуспојава – непријатниот мирис – е отстранета.

Лимонада

Свеж лимон исцеден во вода без додаден шеќер е одличен за отстранување на мирисот на кромид. Доколку при рака имате непрскан лимон, пожелно е да изрендате малку кора во лимонадата, па ефектот ќе биде уште подобар.

Магдонос

Зелените листови на магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, која укажува на изобилство на хлорофил, е најдобриот природен борец против лошиот здив. Има и антибактериски својства.

Јаболка

Јаболката се најдобри пријатели на оралното здравје бидејќи ги чистат забите и го освежуваат здивот. Експертите тврдат дека сите намирници кои имаат висока содржина на влакна добро делуваат против непријатниот мирис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma