Туширањето со ладна вода е идеално за почеток на денот: Ќе ве разбуди и ќе ве орасположи

popara23 април, 20221min00
shutterstock321197018-830x0

Ако не сте ранобудник по природа, будењето наутро може да биде предизвик. Меѓутоа, ако сте спиеле само неколку часа, постојат неколку природни начини да се разбудите, а еден од најдобрите е туширање со ладна вода.

Д-р Мајкл Џ. Брус вели дека туширањето со ладна вода не само што не буди, туку краткото и интензивно изложување на ниски температури е поврзано и со избалансиран воспалителен одговор, подобар сон, здравје на мускулите и зглобовите и подобро расположение.

– Енергетските ефекти на ладното туширање се еднакви на времето изложено на студот, така што колку подолго можете да се туширате со ладно, толку подобро – вели д-р Брус.

Генетичарот од Харвард, д-р Дејвид Синклер, додава дека ниските температури го активираат и производството на таканаречената кафена маст – ткиво кое согорува калории, создава топлина и управува со температурата на телото.

Ако никогаш досега не сте стоеле под туш со мраз ладна вода, доктор Брус вели дека за прв пат ќе се шокирате, но дека телото многу брзо се навикнува на тоа. Ако ова е преголем предизвик за вас, еве неколку совети:

1. Попрскајте го лицето со ладна вода

Брус забележува дека прскањето на лицето со ладна вода има слични ефекти како и ладниот туш.

2. Завршете го туширањето со ладен млаз

Туширајте се како и обично и завршете со ладен млаз.

3. Пробајте накратко со ледена бања

Ако тоа не ви е премногу, можете целосно да се потопите во ладна вода неколку секунди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma