Рецепт за брза, овошна торта која не се пече: Готова за миг, кремаста и освежителна

popara23 април, 20221min00
torta-piskote-maline-830x0

Доколку сакате лесно и брзо да направите празнично уживање, вистинскиот избор е комбинација од бисквити и овошје

Доколку немате време да печете кори, а сакате и лесни овошни колачи, рецептот за Шарлота од малини е вистинското решение за празничен десерт.

Се прави едноставно, идеална е и за почетници во кујна, а кремаста е, па многу брзо ќе стане едно од омилените слатки на вашето семејство.

Состојки:

500 гр пишкоти

600 мл млеко

400 гр смрзнати малини

100 гр шеќер во прав

400 гр шлаг

2 пудинзи од ванила

½ литар вода

5 лажици кристален шеќер

1 чаша кисела павлака (180 гр)

1 кесичка ванилин шеќер

125 гр свежи малини за декорација

Подготовка:

Потребен ви е тркалезен калап со странични отстранливи страни, со дијаметар од најмалку 30 сантиметри. Во длабок сад или чинија се стават два децилитри млеко и се додава ванилиниот шеќер, па се промешува. Подгответе го калапот.

Пишкотите натопете ги во млеко, па со нив обложете ги ѕидовите на калапот, а потоа и дното.

Во тенџере ставете ги малините, додадете кристален шеќер и вода и оставете да се варат. Растворете пудинг од ванила во 100 мл млеко, потоа додадете го во малините и сè заедно варете уште пет минути на тивок оган додека не добиете желатинска маса.

Тргнете од оган и оставете да се излади.

Изматете го шлагот со преостанатите три децилитри млеко, додадете павлака и шеќер во прав и убаво измешајте.

Изладениот фил од малини изматете го со миксер за да добиете фин крем.

На пишкотите прво ставете го филот од малини и пудинг, а преку него филот од шлаг и павлака. Повторно натопете пишкоти во млекото и наредете ги преку филот со шлаг.

Преку нив се ставаат малини и пудинг, па повторно шлагот, па натопените бисквити. Повторете ја постапката додека не се потроши целиот материјал. Одозгора ставете шлаг.

Оставете го колачот во фрижидер три или четири часа пред да го послужите. Украсете со свежи малини и листови нане по желба.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma