ЛИСТОТ ОД КИСЕЛА ЗЕЛКА Е НАЈДОБРА МАСКА ЗА ЛИЦЕ: За само 15 минути ќе го вратите младешкиот сјај, а фините брчки целосно ќе исчезнат

popara23 април, 20221min00
Screenshot 2022-04-23 172340

Маската од кисела зелка го храни вашето лице со важни хранливи материи, така што станува поеластично, помеко и помазно

Киселата зелка е полна со витамини и минерали, но признајте дека никогаш не би ви паднало на памет да ја ставите на лицето.

Општо е познато дека зелката е полна со витамин Ц, бета-каротен, калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар.

Со закиселување сите овие витамини и минерали стануваат уште поизразени бидејќи полесно се апсорбираат. Затоа е важно да ја земате оваа храна бидејќи делува како засилувач на имунолошкиот систем, но и како антиоксиданс.

Тоа штотуку го докажала една госпоѓа на која не и било страно да става лист кисела зелка на лицето и на тој начин да направи еден вид детоксикација на кожата.

Маската од кисела зелка го храни вашето лице со важни хранливи материи, така што станува поеластично, помеко и помазно.

Како да ја направите оваа маска?

Издвојте лист кисела зелка и измијте го. Добро би било да го исскршите на местата каде што се кочаните и вените, за минералите полесно да допрат до вашата кожа, а најмногу ги има во овие делови.

Ставете го листот на сува, претходно измиена кожа и држете го 10-15 минути. Најлесно ќе ви биде ако лежите.

По ова време, извадете ја лиската и ќе забележите колку е топла. Ова е знак дека порите на кожата се прошириле и дека протокот на крв е зголемен.

Сето тоа е одличен знак бидејќи на овој начин кожата максимално се храни со хранливи материи од оваа зимска намирница.

Измијте го лицето со млака вода и исушете го.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma