Ако соработувате со нив или ги сметате за пријатели, бидете внимателни.
Стрелец
Брзо се предомислуваат, каприциозни се и ретко се држат до принципите. Многумина сметаат дека Стрелецот е еден од најневнимателните знаци во Зодијакот. Нивното лицемерие не е намерно и немаат намера никого да повредат – но често тоа го прават!
Близнаци
Важат за дволичен знак, многу се амбициозни и ќе го прегазат секој што ќе им се најде на патот. Иако се харизматични, љубезни во општеството, не дозволувајте тоа да ве измами. Тие секогаш ја играат својата игра и лесно можат да ве „пренесат жедни преку вода“.
Скорпија
Овој знак не простува предавство, а ако им замерите, се ќе биде во ред и кога ќе се укаже прилика, ќе ви се одмаздат за болката што сте ја нанеле. Суетни се, сакаат да бидат забележани, па ќе флертуваат со сите само за да стигнат до целта.