
Празниците се поубавиот дел од годината, бидејќи ги поминуваме со драги луѓе, а во тие денови како да ги оставаме грижите и проблемите на страна, па едноставно уживаме во кругот на најблиските. Во пресрет на Велигден, кој ни носи продолжен викенд, не можеме а да не се запрашаме кои се придобивките од краткиот одмор за телото и душата.
Многу е веројатно секој да чувствува благодарност за секој ден што може да го помине без обврски и грижи од секојдневниот живот. Прошетка во природа, скара во дворот, читање омилена книга која долго ја чекале, гледање омилена серија се само дел од можностите за квалитетно поминување на времето.
Можете да поминете квалитетно време и да бидете задоволни без разлика дали е во кругот на најблиските или сами. Иако сигурно сте свесни за важноста од неколку слободни денови за празниците, сега експертите ги потврдуваат придобивките од продолжениот викенд.
Во моментите кои ги посветуваме на суштинските потреби на нашиот организам, доаѓа до промена на деноноќниот ритам и тоа секако на подобро. За потсетување, го регулира циклусот на будење и спиење.
Кога правиме заслужена пауза, тоа многу позитивно влијае на нашето расположение, но и на нивото на енергија.
Три или четири дена менување на рутината се доволни за малку да спиеме, но тие не не вадат од колосек. Дополнително, кога имаме повеќе слободно време, полесно е да се организираме за дружење со драги луѓе и физичка активност.
Промената на режимот на неколку дена има позитивен ефект, па после тоа сме далеку посвежи, поодморени и подготвени за нови предизвици.
Малку подолга пауза од тоа, како и одморите, обично значи малку потешко приспособување на работата и секојдневните обврски. Затоа мини-одморите, односно продолжените викенди се идеални за краток одмор и полнење на батериите, но без преголема релаксација.
За крај, нагласуваме дека продолжениот викенд ја подобрува креативноста, мотивацијата и продуктивноста.