Како холивудскиот заводник стана непрепознатлив: Погледнете ја трансформацијата на Колин Фарел во филмот „Бетмен“

popara24 април, 20221min00
profimedia-0562686521-830x0

На социјалните мрежи се шири видео кое покажува како изгледала трансформацијата на Колин Фарел во Пингвин, лик од најновиот филм „Бетмен“, кој од понеделникот се прикажува на HBO Max.

Трансформацијата е фасцинантна бидејќи 45-годишниот Фарел е непрепознатлив. На забрзаното видео се гледа како актерот седи на стол додека филмската екипа предводена од Мајк Марин со помош на простетика го претвора во Освалд Коблпот, попознат по прекарот Пингвин.

Фарел во филмот „Бетмен“ се појавува само во неколку сцени, но и тоа беше доволно за ваква радикална трансформација.

Пингвинот е еден од главните непријатели на Бетмен, кој во оваа верзија го игра Роберт Патисон. Фарел прокоментира дека се појавува само во пет-шест сцени, па неговата појава сигурно нема да го уништи филмот.

– Кога видов што направи Мајк Марино, ја разбрав смислата на неговиот лик. Бев ужасно возбуден. Ако некој каже дека мојата изведба во филмот е добра, ќе кажам дека имам 49 отсто од заслугите – рече тој.