КАКВА МАЈКА, ТАКВА ЌЕРКА: Лили Мос на насловната страна на Vogue, Кејт е незадоволна!

popara25 април, 20221min00
212344_kate234-reuter_f

Ќерката на популарниот супермодел Кејт Мос, Лила Грејс Мос (19), се најде на насловната страница на британскиот Vogue, но не ја израдува својата мајка.

Иако многумина претпоставуваа дека ќе тргне по стапките на мајка си, Лили во новото интервју зборуваше за Кејт, но и за нејзините навики.

– Во последните две-три години сфатив дека нејзиниот стил е навистина кул, тоа морам да го признам – изјави Лила Грејс, додавајќи дека нејзината мајка обожава да носи опуштена облека – тренерки и патики надвор од камерата.

Уште како осумгодишно девојче, вели наследничката на Кејт, била свесна за големата популарност на нејзината мајка, поради што често го привлекувала вниманието на другите деца на училиште.

-Одев во средно училиште и сите ми велеа: „А, ти си ќерката на Кејт Мос!“. Кога си млад кажуваш се што ќе ти падне на памет, па јас одговорив: „Од каде знаеш која е? Стара е. Стара е и досадна“ – рекла Лила.

Иако Лила ги направи првите чекори кон светот на манекенството, нејзината мајка не е задоволна.

– Ми рече: „Ако сакаш да го правиш тоа, во ред е, но не би ти го препорачала“ – открила Лила, која како и нејзината позната мајка почнала да се занимава со манекенство многу рано, на само 16 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag