Го подобрува видот и е многу ефикасен против габички и разни воспаленија
Невенот има видно место во народната медицина, и со право.
Во ова растение се најдени и тритерпенски сапонозиди, танин, гликозиден каледулозид, картеноиди (благодарение на кои невенот има прекрасни цветови), малку етерично масло со непријатен мирис и неколку органски киселини.
Сувите цветови содржат само 0,02 проценти есенцијално масло и 5,2 проценти масно масло, 5 проценти гума, 8-9 проценти смола и разни каротеноидни бои, 8-9 проценти слуз, 12 проценти шеќер, 1,3 проценти протеини, фитостероли, салицилна киселина, ензими и разни соли.
Невенот се користи за лекување на многу здравствени проблеми:
– против повишена температура и треска
– ги елиминира проблемите во дигестивниот тракт
– лекува рани на желудникот и дуоденумот
– ја нормализира функцијата на црниот дроб и секрецијата на жолчката
– смирува воспаленија на дебелото црево
– ја запира благата дијареа
– ги чисти крвните садови
– го намалува притисокот
– помага при грчеви
– помага при болна менструација
– го подобрува видот
– се користи за рани и изгореници
– ефикасен е против габички, особено кандида