Без СКАПИ третмани и салони: Три начини како да ја омекнете ГРУБАТА кожа на стапалата дома

popara25 април, 20221min00
Stopala

Важно е да се грижите за вашите стапала

Наскоро доаѓа сезоната на отворени обувки, па треба навреме да се подготвите.

Добро негувани стапала и здрава кожа на нив се знак да се грижите за себе.

Секако, тоа не значи секогаш одење во салон и скапи третмани. Постојат трикови како да се ослободите од грубата кожа на стапалата дома.

Камен за пети

Каменот на пети помага да се отстрани мртвата кожа од стапалата, а исто така и во обновувањето на клетките. Сè што треба да направите е да го ставите каменот во топла вода, а потоа со кружни движења да ги триете стапалата за да ја отстраните мртвата кожа. Во посебен сад истурете и топла вода во која ќе ги држите стапалата 10 минути. Кога ќе завршите, намачкајте ги со лосион или масло за тело.

Овесни снегулки

Кој би помислил дека и овесните снегулки придонесуваат за поубави стапала? Дали знаевте дека од нив можете да подготвите пилинг кој ќе ги разгали?

Измешајте овесни снегулки со млеко или розова вода во сооднос 1: 1 за да добиете паста. Смесата со четка нанесете ја на стапалата и оставете да делува 20-30 минути. Потоа измијте ги нозете со ладна вода и исушете ги, а на крајот нанесете крема за стапала.

Оцет

Купката со оцет ги омекнува стапалата и го олеснува отстранувањето на мртвата кожа. Можете да користите повеќето видови оцет, но најпопуларниот е јаболков оцет.

Во сад измешајте оцет и ладна вода во сооднос 1:2. Потопете ги стапалата 5 до 10 минути. По отстранување на мртвата кожа, на сувите стапала нанесете хидратантна крема или кокосово масло.

Пробајте ги овие трикови и видете што е најдобро за вас. Меѓутоа, во случај на повреди, кожни болести или други проблеми, консултирајте се со вашиот лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma