Водата од кактус станува составен дел на се поголем број препарати, иако можеби ви звучи како егзотична состојка.
Знаете дека кактусите растат во пустината во многу тешки услови. Тоа е можно поради големата количина на вода што ја содржат.
Производите што го содржат се најдоброто нешто што можете да си го дозволите за вашата кожа.
Според д-р Лили Талакуб, водата од кактус содржи голема количина на електролити кои ја хидрираат кожата. Покрај тоа, таа е богата со антиоксиданси кои спречуваат оштетувања кои инаку предизвикуваат УВ зрачење, а содржат и голема количина на витамини.
Овие препарати ја штитат кожата од штетното влијание на сонцето и го задржуваат колагенот во кожата и на тој начин ја зачувуваат нејзината еластичност.
Дополнителна придобивка е тоа што водата од кактус е применлива за сите типови кожа. Нејзините антибактериски ефекти ќе влијаат на луѓето кои страдаат од акни. Споменатата голема количина на електролити ќе биде корисна за сува и дехидрирана кожа.
Луѓето со чувствителна кожа имаат корист од смирувачкиот ефект и хранливите состојки на водата од кактусите.
Може да се пие и вода од кактус и го зајакнува телото со електролити.
Сепак, дефинитивно е препорачливо да се консултирате со дерматолог пред да ги користите овие препарати.