Ријана призна од што најмногу се плаши кога е бременоста во прашање: „Се плашам од приказните за тоа“

popara26 април, 20221min00
rijana6-830x0

Милијардерката неодамна призна дека не се плаши од чинот на породување, туку од нешто друго

 

Познатата убавица од Барбадос, пејачката Ријана (34) моментално е во третото тромесечје од бременоста и го носи своето прво дете. Досега беше доста отворена за бременоста, за храната што ја сака и за начинот на кој планира да го воспитува своето дете.

 

Милијардерката неодамна призна дека не се плаши од чинот на породување, туку од емотивните последици кои овој процес ги носи со себе.

 

Таа во неодамнешното интервју за Vogue изјави дека најмногу се плаши од постпородилна депресија.

 

– Дали ќе се чувствувам надвор од контрола? Ова се приказни кои ги слушам од други жени и од кои се плашам – признала Ријана.

 

Како што вели, ги поддржувала многу блиските пријатели и членови на семејството кои биле во ваква ситуација, па верува дека идентична поддршка ќе ѝ пружат и тие на неа.

 

Сонита Александар, една од најдобрите пријателки на Ријана од детството, прокоментирала како пејачката одвојувала време за неа по породувањето.

 

– Цело време ми беше поддршка. Би рекла дека тоа беше најважниот момент во нашето пријателство. Таа е одлична тетка – се присети Сонита.

 

Ријана рекла и дека ќе го дои бебето, сѐ додека телото и дозволува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag