Намирниците што ги имате во кујната се исто толку ефикасни како и средствата за чистење купени во супермаркетите
Ако имате мали деца или домашни миленици, многу подобро е да ги отстраните дамките од тепихот во вашата дневна или спална соба со природни средства за чистење отколку со индустриски хемикалии!
Најпрво ќе ги отстраните дамките од тепихот од миленичињата ако ги третирате со прашок за пециво.
Прашокот за пециво измешајте го со малку вода за смесата да биде густа и потоа истријте ја дамката. Потоа добро исчистете го тепихот со правосмукалка. Со помош на кисела вода многу успешно можете да ја отстраните новонастанатата дамка на тепихот. И тоа не само на тепихот, туку и на други платнени површини како фотелји, кревети, гарнитури и слично.
Со помош на кисела вода многу успешно можете да ја отстраните новонастанатата дамка на тепихот.
И тоа не само на тепихот, туку и на други платнени површини како фотелји, кревети, гарнитури и слично. Постоечката дамка потребно е да се прекрие со кисела вода и да се остави да отстои. Дамката брзо ќе се повлече и ваше е да ја избришете областа погодена од дамката со крпа.
Компирите се многу ефикасни за чистење на теписите, бидејќи ќе успеат да ја отстранат длабоката нечистотија, а вашиот тепих ќе изгледа како нов.