Единствените панталони што ви требаат до октомври! КИЛОТИТЕ се модно ремек дело, а еве како да ги носите

popara26 април, 20221min00
338504_vogvilijamskiloteprofimedia0570558543_ff

Омилените пролетни и летни панталони на сите можат да изгледаат уште подобро ако ги носите на еден од следниве начини

Килотите, варијанта на здолниште-панталони, се популарни уште од ренесансата.

Првите познати килоти ги носела повисоката класа во доцниот среден век и ренесансата и до почетокот на деветнаесеттиот век. Тие се претвориле од аристократски во европска воена униформа во XVIII век, но во модерното време се почесто се гледаат како дел од женската мода.

Килотите беа особено популаризирани од Лејди Дијана во текот на осумдесетите, а оттогаш сите полудеа за ова необично парче, кое дава многу шик изглед и е лесен начин да додадете шмек на навидум едноставна комбинација.

Најчесто се сметаат за парче кое одговара на секој тип на градба, во зависност од должината со која можат визуелно да ги издолжат нозете, а подеднакво тренди изгледаат и во елегантни комбинации и во секојдневен стил.

Како да ги носите?

Откријте ги рамената

Без разлика дали ќе изберете горен дел кој целосно ги открива рамената или некој асиметричен крој, ова е одличен начин да балансирате.

Комбинирајте со светли бои и дезени

Доколку носите еднобојни пантолони, особено во неутрални нијанси како црна, бела и беж, задолжително додајте горен дел во светла боја или уште подобро дезенирана верзија.

Носете јакна

Нема пролетна сезона без кожени и тексас јакни, кои одлично изгледаат во комбинација со овие пантолони. Ова е особено случај ако изберете тесна јакна.

Качете се на потпетици

Килотите може да се носат со патики, балетанки и други пролетни и летни чевли, но сепак најдобро изгледаат во комбинација со високи потпетици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag