Како правилно да ги измиете јагодите за од нив да излезат сите ПЕСТИЦИДИ и БАКТЕРИИ?

popara27 април, 20221min00
320285_shutterstock-408781099_ff

Порано беше доволно да се измие овошјето под млаз вода. Сепак, работите драстично се променија и сега јагодите, но и другите купени овошја мораме да ги миеме подолго, подобро, а често е потребно да се направи и еден вид детоксикација.

Сода бикарбона може да ни помогне во тоа.

Како да ги измиете јагодите со сода бикарбона?

Потопете ги јагодите во сад со вода, а потоа посипете една до две лажички сода бикарбона одозгора. Потоа измешајте со раце за содата да биде рамномерно распоредена низ јагодите.

Оставете го да отстои половина час, а потоа повторно измијте ги јагодите и потопете ги малку во вода. После тоа, можете уште еднаш да ги измиете јагодите под млаз вода и овошјето е подготвено за употреба.

Зошто е важно добро да се мијат сите плодови?

Токсините можат да бидат многу опасни доколку не се измијат добро од храната. Тие се акумулираат во телото и многу тешко се чистат од него, а кога ќе се наталожат во организмот можат да предизвикаат автоимуни болести, но и хронични болести, како што предупредува Светската здравствена организација.

Освен сода бикарбона, и алкохолниот оцет се покажал како одличен за чистење на овошјето од токсини, бидејќи со голема брзина ги убива сите штетни микроби на овошјето. Поради својот состав, сода бикарбоната е добро средство за вадење на штетни токсини од овошјето.

Овошјето прво се остава во оцет дваесетина минути, по што може малку да се исплакне и да се остави во мешавина од сода бикарбона и вода. Ова е најдобриот начин да бидете сигурни дека она што го внесувате во вашето тело е безбедно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag