Гвинет Палтроу бара ментор за помош низ промените во менопаузата: „Сакам да бидам спремна“

popara27 април, 20221min00
gp-830x0

Познатата актерка Гвинет Палтроу (49) ќе ангажира „ментор“ кој ќе ја води и ќе ѝ помага за време на менопаузата.

Таа неодамна на своите следбеници на Инстаграм им порача дека постои „конфликтна наука за некои хормонални работи“.

– Се трудам да го доведам моето тело во најдобра можна форма и оттаму да проценам – изјавила актерката.

Гвинет е мајка на две деца, а за борбата со хормоналните промени зборуваше и претходно, додека минувала низ пременопауза, која обично започнува на возраст од 45 до 55 години.

Актерката изјавила дека го следела советот на својот лекар, но и на медицинскиот експерт кој ѝ помогнал „со одредени додатоци во исхраната, кои вклучуваат растенија, адаптогени и фитонутриенти“, пренесува Дејли Меил.

– Исхраната и тренингот се многу важни. Се обидувам да пешачам неколку пати неделно, се потам, вежбам, одам во сауна, а тоа се само мои начини на справување – изјавила Палтроу.

Минатиот септември Гвинет зборуваше за тоа како се справува со перименопаузата во доцните четириесетти години, велејќи дека поради хормоналните промени се бори со лавина од емоции и забрзано срцебиење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag