Без разлика дали ве гледа како потенцијална партнерка или само пријателка
Оние кои објективно набљудуваат двајца луѓе велат дека е прилично едноставно да се препознае кога на маж му се допаѓа некоја жена.
Има и такви на кои им е полесно да читаат такви знаци, а ако не сте една од нив, неколку насоки ќе ви покажат дали му се допаѓате или симпатиите се само на пријателско ниво.
Ова се работи кои никогаш нема да ги направи ако му се допаѓате.
- Нема да ве остави да чекате до последен момент
Мажот на кој му е забавно со вас, но не може да планира заедничко време, не е маж за вас. Ако му се допаѓате, ќе даде се од себе за да го испланира заедничкото времето и да го испланира навреме.
- Не покажува интерес за други жени
Мажот со кој излегувате сигурно ќе сподели со вас некои детали од неговиот љубовен живот, но никогаш нема да ги коментира гласно и пред вас другите жени кои ги гледа. Ако здогледа убава девојка и ви укаже на тоа, значи дека ве гледа како пријателка.
Исто така, начинот на кој мажот зборува со жена за други жени е показател за неговите намери.
- Ќе зборува за интимните односи
Интимните односи значат дека му се допаѓате, нели? Па и не баш. Меѓутоа, ако откриете дека не можете да разговарате со него за тоа што ви се допаѓа или што не ви се допаѓа кога сте интимни, тој јасно ви дава до знаење дека нема емоционална вклученост.
- Никогаш нема да ви биде непријатно со него
Ако сте возрасна жена и постојано сте загрижени што ќе облечете за состанок со него, како изгледа вашата фризура, дали сте премногу шминкани или за што ќе разговарате – тој не ве гледа како потенцијален партнер. Кога некому му се допаѓате, тој маж ќе даде се од себе за да се чувствувате удобно во негово друштво.
- Нема да ви дозволи секогаш да се јавувате први
Ако излегувате или сте во нова врска, вашата комуникација ќе биде честа и забавна. Но, ако сте забележале дека секогаш вие се јавувате или ја испраќате првата порака, тоа е јасен знак дека тој навистина не се грижи.