Професионалните шминкери предупредуваат: Пет големи ГРЕШКИ кои ги правите додека ја отстранувате ШМИНКАТА!

popara27 април, 20221min00
profimedia-0033051144-2048x1362

Како да избегнете некои од стандардните грешки?

Колку пати сте се вратиле дома уморни и сте легнале без да ја отстраните шминката.

Овој процес е многу важен и затоа професионалниот шминкер Шафран Хјуз нагласува дека е клучно да се отстрани шминката на вистински начин.

– Кога спиеме, нашата кожа се регенерира, па остатоците од шминка и нечистотија може да го попречат природниот процес на обновување на клетките. Шминката на база на масло, како што се прајмерите и подлогите, секогаш треба темелно да се отстрануваат, бидејќи маслото ја спречува кожата да дише – советува Хјуз.

Тој ги наведува златните правила за отстранување шминка.

  1. Без миење

За многумина првиот чекор е да го измијат лицето со вода, но ова е голема грешка. Шафран објаснува дека кога ја навлажнуваме кожата пред да го нанесеме производот, ја намалуваме ефикасноста на состојките.

– За полесно отстранување, користете средство за чистење на база на масло или лосион директно на сува кожа, пред да го исплакнете лицето со вода – советува шминкерот.

  1. Заштитете ги очите

Кожата околу очите е почувствителна и помека од остатокот од лицето. Користете специјално средство за отстранување шминка за очи за да ја отстраните маскарата и моливот.

– Изберете производи на база на вода, а не оние што содржат масла. Кога ја отстранувате маскарата, притиснете го туферот на трепките неколку секунди, а потоа движете го во насока на раст на трепките. Не тријте лево-десно, бидејќи ќе ви ги иритира очите – тврди Шафран.

  1. Марамчињата за лице не се доволни

Марамчињата за лице отстрануваат само дел од шминката и површинските бактерии, а маслото и нечистотијата остануваат во порите. Доколку навистина треба да ги користите, нека биде само подготовка, па продолжете со мицеларна вода.

– Избегнувајте чистење на пределот околу очите со марамчиња, бидејќи прекумерната употреба може да доведе до сушење на кожата и инфекции на очите – предупредува Хјуз.

  1. Нежно третирајте ја кожата на лицето

Без разлика каков производ користите за отстранување на шминката, погрижете се тоа да го правите нежно, без силно триење.

– Притискањето на лицето со марамче, туфер или ракавица за отстранување шминка може да доведе до сува кожа на лицето, иритација и воспаление – вели Шафран.

  1. Не заборавајте на кремот

По чистењето, задолжително нанесете крем, бидејќи така ќе ја компензирате влагата што е отстранета од вашата кожа за време на отстранувањето на шминката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag