АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ Ова се сите причини зошто кељот треба да се најде во нашата чинија

popara27 април, 20221min00
Screenshot 2022-04-27 170805

Кељот се смета за една од најздравите и најхранливите растителни намирници што постои. Содржи секакви корисни соединенија

Кељот е член на семејството на зелки, а листовите можат да бидат зелени или виолетови, мазни или рапави.

Има вкупно 33 калории, 6 грама јаглени хидрати (од кои 2 влакна) и 3 грама протеини. Кељот содржи многу малку масти, но голем дел од мастите во него се омега-3 масни киселини, односно алфа линоленска киселина. Поради својата неверојатно ниска калорична содржина, кељот е една од најхранливите намирници што постојат.

Кељ и антиоксиданси

Кељот е полн со моќни антиоксиданси како кверцетин и кемпферол. Тие вклучуваат бета-каротин и витамин Ц, како и разни флавоноиди и полифеноли. Антиоксидансите се супстанции кои помагаат да се потисне оксидативното оштетување од слободните радикали во телото.

Витамин Ц

Кељот е одличен извор на витамин Ц. Важен антиоксиданс растворлив во вода кој служи за многу витални функции во клетките на телото. На пример, тој е неопходен за синтеза на колаген, најзастапениот структурен протеин во телото. Кељот има многу повеќе витамин Ц од другиот зеленчук, содржи околу 4,5 пати повеќе од спанаќот. Една шолја сиров кељ содржи уште повеќе витамин Ц од цел портокал, пишува Healthline.

Холестерол

Кељот може да помогне во намалувањето на холестеролот. Холестеролот има многу важни функции во телото. На пример, тој се користи за производство на жолчни киселини, кои се супстанции кои му помагаат на телото да ги вари мастите. Црниот дроб го претвора холестеролот во жолчни киселини, кои потоа се ослободуваат во дигестивниот систем секогаш кога јадете масен оброк.

Витамин К

Кељот е еден од најдобрите извори на витамин К во светот. Витаминот К е важна хранлива материја. Тој „активира“ одредени протеини и им дава можност за врзување на калциум. Се верува дека една сирова шолја содржи речиси 7 пати повеќе од препорачаната дневна количина.

Слабеење

Кељот има неколку својства кои го прават намирница погодна за слабеење. Има многу малку калории, но сепак обезбедува значителна количина која треба да ви помогне да се чувствувате сити. Поради ниската калорична содржина и високата содржина на вода, кељот има ниска енергетска густина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag