
Многу луѓе се обидуваат да ја регулираат исхраната за да го доведат своето здравје во најдобар ред, односно да го регулираат холестеролот. Многу луѓе на кратко време ги менуваат навиките, но по некое време сфаќаат дека тоа не е баш едноставно. Сега ви претставуваме диета која ќе ви овозможи да го стабилизирате холестеролот со помалку труд.
Според експертите, нордиската исхрана е најдобриот начин за намалување на холестеролот и шеќерот во крвта. Иако содржи многу мрсна храна, таа е одлична за борба против веќе споменатите проблеми.
– Изненадува бидејќи многумина мислат дека само со слабеење ќе достигнат здрави вредности на холестерол и шеќер во крвта, но позитивното влијание на тие параметри не е резултат само на слабеењето. Други механизми исто така играат важна улога, вели Ларс Ове Драгстед, раководител на Одделот за исхрана на Универзитетот во Копенхаген.
Тој рече дека е спроведено истражување на 200 луѓе кои имале висок индекс на телесна маса, но се покажало дека користејќи ја нордиската исхрана успеале да го намалат холестеролот и шеќерот во крвта.
– Групата која шест месеци беше на нордиска диета стана значително поздрава. Нивото на холестерол, заситените и незаситените масти падна, а регулирањето на гликозата во крвта беше подобро отколку кај учесниците од втората група. Настојувале и да одржат стабилна тежина, односно ги охрабрувале да јадат повеќе доколку почнат да губат килограми – вели тој.
Нордиската исхрана се состои од храна богата со омега-3 и омега-6 заситени масти. Тие се:
Риба
Ленено семе
Семки од сончоглед
Грав
Грашок
Зелка
Јаболка
Млечни производи
Житарици од цели зрна
Кромид
Сливи
Консултирајте се со лекар пред да започнете каква било диета.